Консултантски услуги кои ги врши Еуромак-Контрол се:
- имплементација на стандардот ISO 9001:2008 – Систем за управување со Квалитет;
- имплементација на стандардот ISO 14001:2004 – Систем за управување со Животната средина;
- имплементација на стандардот ISO 17025:2005 – Акредитација на лаборатории за тестирање и калибрирање;
- имплементација на стандардот OHSAS 18001:2007 – Систем за управување со здравје и безбедноста при работа;
- имплементација на стандардот ISO 22000:2005 – Систем за производство на безбедна храна согласно барањата на ;
- имплементација на HACCP – Систем за анализа на опасности и критични контролни точки;
- подготовка на техничка документација за добивање на Интегрирана еколошка дозвола (IPPC);
- подготовка на техничка документација за добивање на CE знак;
- стручна помош при избор на меѓународно акредитирани организации за сертификација на ISO стандарди , CE знак, Global Gap;
Еуромак-Контрол е специјализирана за сите видови контроли со договорен квалитет и контроли согласно овластувањето од Министерство за Економија за вршење на контрола на квалитет на земјоделските производи и прехранбените производи во надворешно трговскиот промет и во склад со домашните и меѓународните стандарди врши квалитативна и квантитативна контрола на:
- прехрамбени производи
- хемиски производи
- текстилни производи
- нафта и нафтени деривати
Еуромак-Контрол врши мерења на:
- бучава
- вибрации
- испитување на гасови
- испитување на отпадни води и
согласно овластувањето од Министерство за Животна Средина и Просторно Планирање за стручни работи за заштита и унапредување на животната средина и природа, Решение бр.07-1728/1
Изработува еколошко-технолошки елаборати вклучувајќи:
- Еколошки елаборати
- Проценка на влијанието врз животната средина
- Предлог мерки (идејно решение со анализа)
Испитувањата и консалтингот се вршат од страна на 10 постојано вработени и технички високообразовани лица со меѓународни обуки и искуство во контролата на квалитетот и квантитетот на стоки и консалтинг при имплементација на меѓународни стандарди. Сите испитувања кои ги врши Еуромак-Контрол се вршат согласно MKC – Стандарди, ISO Стандарди, ASTM Стандарди, DI Стандарди.
